ПРЕКУБРОЈНА ПУБЛИКА

Историја

Битола е позната по ракометот и преполнетата сала „Младост“, а Прилеп по фудбалот и преполнетиот стадион „Гоце Делчев“. Но, на 3 април 1988 година се преполни и стадионот под Тумбе Кафе. Се сретнаа соседните лути ривали Пелистер и Победа во борба за 9 место во Втората југословенска лига – Исток, кое водеше до единствената Втора југословенска лига. Интересот беше огромен од цела Пелагонија. Имаше над 10, можеби 12 илјади гледачи, а кој можеше прецизно да ги изброи ако се знае дека не само местата за седење, ами и тие за стоење беа зафатени. Делегатот беше приморан да ги одмине прописите и да  дозволи прекубројниот народ да се пушти внатре во теренот, за да стои зад двата гола.

Пелистер победи со 2-1.

Loading