ЕЛЕКТРОНСКА ПУБЛИКАЦИЈА ЗА АРХЕОЛОШКИТЕ ЛОКАЛИТЕТИ

Здружението „Менелај“ ја објави новата публикација „Културни Патеки“. Се работи за електронско буклет издание посветено на дел од најатрактивните археолошки локалитети во прилепскиот регион. На 44 страници, на македонски и на англиски јазик, презентирани се локалитетите Маркови Кули, Павла Чука, Градиште – Дебреште, Стибера и Трескавец.

-Покрај текстовите и фотографиите, се поставени мали мапи со инструкции за стигнување до соодветните локалитети – велат од ,,Менелај,,.

Финансиски покровител на изданието е Општината.

Loading