СТОЈКОВИЌ ПРЕД ОДЛУКА

Фудбал

По завршената полусезона, во која екипата на Победа заврши на претпоследното, 9 место во Првата лига, а се пласира во полуфиналето од Купот, Управата го предложила Јане Николоски за тренер (ја водеше на последните два меча), а Небојша Стојковиќ за претседател (беше назначен пред почетокот на сезоната). Првиот човек на клубот сепак немал одлучено дали да го прифати новиот мандат. Конечното изјаснување се очекува по состанокот со останатите членови на Управата, односно со претставниците на компаниите-акционери, каде ќе се утврди буџетот за наредната полусезона.

Екипата е на одмор до околу 10 јануари.

Loading