ОДГЛЕДУВАЊЕ ЛИМОНИ И ПОРТОКАЛИ ДОМА

limon

Додека на секој зимска трпеза веќе ги има портокалите и лимоните покрај јаболката, се размислува за нивно одгледување дома во нашите климатски услови. Овие цитруси може да се одгледуваат во стан. Бидејќи новите хибриди не достигнуваат голема височина, погодни се за секоја просторија.

Егзотични  се портокалите растени во затворена просторија. Еден хибрид со цитрусна миризба од Филипините одлично е прилагоден на нашите климатски услови. Домашните портокали се со исти карактеристики како и оние од топлите делови, освен разликата во височината до половина метар. Слични се со садниците што се одгледуваат во стакленици. За портокалот од видот цитрус-митис е доволна саксија со просечна големина. Растението исто време има и цветови и зрели плодови. Цветовите се миризливи со бела боја, а плодовите се мали и округли. Помлаку се горчливи и кисели. Најчесто се користат за коктели со жестоки пијалоци.

portokal

Лимонот што расте во соба е сличен на портокалот. Најголемо внимание бара при пресадувањето зиме. Лете, на портокалите и лимоните, им годи топлото сонце. Затоа може да се чуваат во двор или на балкон. Со студените денови се засолнуваат дома, бидејќи не поднесуваат студ, особено мраз. Зиме растението мирува во просторија со околу 10 степени. За време на вегетацијата потребно им е многу вода, но земјата никако не смее да биде премногу влажна.

Лимонот и портокалите се зимзелени дрвја. Да родат убави плодови, потребно е да се исечат. Најчесто гранките им се режат и делумно се отстрануваат на пролет.

Loading