МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ ВО ПЛЕВЉА

ЖФК Прилеп

Женскиот фудбалски клуб Прилеп првпат настапи во странство, на Меѓународниот турнир ,,Пријателство,, во Плевља, Црна Гора, и оттаму носи убави впечатоци. Учеството е значајно за претставување на клубот, градот и државата, при што придобивка се воспоставените релации со дваесетина клуба од седум држави, особено со домаќинот Брезница, српските Рад, Земун и Црвена звезда. Искуството се црпи од двата меча во групната фаза, со фаворитите – српскиот и црногорскиот првак (Земун 1-5, Брезница 1-3). Клубот е благодарен на компанијата Витаминка и Општината кои го овозможиле патувањето и престојот.

За ЖФК Прилеп претстои одмор по успешната полусезона, каде беше освоено 6 место меѓу 14 тима во Лигата, како и пласманот во четвртфиналето од Купот.

Loading