ТРЕТО ИЗДАНИЕ НА WINTER APRICOTS

До утревечер во киното Мис Стон се одржува третото издание на фестивалот Winter Apricots. Овогодинешното издание носи филмска кохезивна програма со кратки филмови. Прикажувањето на 10-те финалисти од официјалната селекција е јадрото на фестивалот.

Придружната програма од синоќа понуди денс-филмови од италијанскиот фестивал Stories We Dance и две други натпреварувачки селекции. Тематската селекција се фокусира на патиштата и национална селекција за која што публиката ќе го гласа најдобриот краток македонски филм.

Има два големи моменти посветени на музиката. Синоќа беше ,,Звуците на филмот: Прајснер со Дуња Иванова,,, во патувањето низ музичкиот универзум на Збигнев Прајснер преку клавирот на Дуња Иванов. Утревечер е завршната церемонија на прогласување на победниците и концертот на бендот Калевала.

Loading