СИМПТОМИ ЗА СРЦЕВ НАПАД

udar

И мажите и жените имаат исти симптоми за срцев напад како, ладна пот, болки во градниот кош, несвестици. Помалку познатите симптоми се болки во стомакот, вратот, вилицата, недостаток на воздух, вртоглавица…

водечка причина за смртноста во светот  се срцевите болести. Појавата е плод на стеснување на артериите кои го снабдуваат срцето со крв. Ако срцето е комплетно блокирано или пак редуцирано, настанува срцев напад.

Важно е да се обрне внимание на други суптилните знаци. Ако е доживеан претходен напад не се чувствуваат истите симптоми вториотпат.

Предупредувачките знаци на кои треба да обрнете внимание се:

Болка во левата страна или центарот на градите е најчестиот симптом за срцев напад. Изгледа како непријатен притисок, чувство на притискање или болка. Симптомите може да наликуваат на горење во делот кај срцето или пак лоша дигестија. Оваа сензација најчесто трае неколку минити се враќа повторно. Знак е и ладната пот, главоболка и вртоглавица. И Не треба да с еигрнорираат знаците на недостатокот на енергија, чувство на умор  како после вежбање. Срцевиот напад може да предизвика болка во грбот, вратот, над папокот, вилицата или пак болки на раката или двете раце. Чувството на затегнатост или болка во долниот дел од вилицата, чувство на горење и гушење во грлото, тешкотија, притисок болка околу двете рамена. Потоа знак е недостаток на здив, вртоглавица и повраќање.

Фактори на ризик се висок крвен притисок, висок шеќер во крвта, високи нивоа на холестерол. Затоа важна е контролата. Мора да се внимава и на стресот и депресијата. Тутунот е најризичен за појава на срцево заболување. Изложеноста на чадот од цигарите може да предизвика проблеми.

За заштитите од срцев удар  нужна е здрава исхрана, балансирана со свежи и здрави намирници. Исхраната треба да е богата со овошје и зеленчук, немрсно месо, риба, со ограничен внес на шеќер, сол и нездрави масти. Нужна е редукција на храната со јаглехидрати, шеќери. Вежбањето го намалива холестеролот и го покачува добриот холестерол. Потребно е пешачење барем 30 минут за одржување на здравјето на срцето.

Loading