ТИШИНА И ДЕЦИБЕЛИ

204984 142829632453187 100001784547553 254347 1396386 o

Центарот е милина летно време, а и во текот на цела година. Оваа стара слика на дел од плоштадот “Методија Андонов – Ченто” е потврда на здравите градски корени. Плочникот пред бизнис центарот некогаш бил улица каде главно се движеле граѓаните. Тоа бил и простор за минување на коњите и магарињата со по некоја запрежна кола, оти автомобилите биле реткост. Неколку граѓани располагале со по некој мотоцикл или велосипед. Не се загадувал просторот, ако не се смета изметот на добитокот.

Градското централно јадро пред хотелите Југославија и Јадран било пешачка зона која водела од Долно маало, Варошко маало, па после и од Бончејца кон Старата чаршија каде пулсирал животот во градски ритам низ звукот на ковачите, дограмаџиите, самарџиите, бочварите, тенекеџиите и другите занаети.

Денес градот е бучен, особено ноќе. Наместо занаетчиите да создаваат бучава од силните удари на чеканите по тенекиите и железата, сега со децибели се слуша гласна музика од различни жанрови.

Сé има свое време!

Loading