ВРЕМЕ Е ЗА ВТОР ТРИУМФ

Партизан

Екипата на Партизан доживеа пораз од 2-0 на гостувањето кај Кожуф во Гевгелија, што придонесе за пад блиску до дното од табелата на Втората лига – Исток. Натаму остануваат само триумфи. Време в сабота (15.30 ч.) на Могила да се урни противникот Плачковица од Радовиш. Гостите имаат солиден учинок со еден пораз, реми со Тиквеш и две врзани победи на гости. Нема да е лесно, но со пожртвувана игра како на стартот во Македонска Каменица, не е невозможен триумф. Тимот на Горан Тодоровски има проблем со отсутни, повредени фудбалери.

Табела: Борец 12, Брегалница 9, Кожуф 8, Плачковица и Пехчево 7, Тиквеш 6, Вардар и Партизан 3, Саса 1, Детонит Радовиш 0.

Loading