ДИМИТРИНА МИЦКОСКА СО ДЕБИТАНТСКА НАГРАДА ОД НЕТА

Nagrada za debitantski nastap„Женска утопија“ започна како мој самостоен проект, сама работев на адаптирањето на текстот врз основа на драмите на Јордан Плевнеш, сама режирав и сама играв и од сето тоа излезе еден продукт кој трае 50 минути и кој постепено многу го засакав. Подоцна веќе од соработката околу техничките работи со ,,Чин 4 сцена 5,, произлезе и тој театар да ја земе оваа монодрама во своја продукција,,.

Ова го вели актерката Димитрина Мицкоска по добивањето на дебитантската награда од НЕТА на годинашниот ФКТ ,,Ристо Шишков,,.

Мицкоска потенцира дека премиерата била на фестивалот ,,Актерот на Европа,, каде ја доби наградата Млада Европа. Додава дека овие награди и се  признание за нејзиниот труд и ветер во грб, за да продолжи да верува во ,,Женска утопија,, уште повеќе.

-Станува збор за пет женски лика водени од љубов и страст во својот живот, страст кон маж, страст кон професија, љубов кон децата затоа што според репликите на еден од ликовите: ,,Ништо нема ни на овој, ни на оној свет, освен страст, страст и страст,,.  Секоја од петте лика со љубовта во себе и со пречките на патот кон својата љубов ја сочинуваат утопијата и хаосот во монодрамата. Никогаш не замислував дека би направла монодрама. Секогаш го сметав тоа за претенциозен чекор. Евентуално ако постоела шанса за било каква монодрама, ниту на крај на паметот дека таа ќе биде на 28 години… Впуштајќи се  во еден таков голем поход, ја ставив на тест храброста и самодовербата и можеби тоа што е порано е подобро да се соочам со големи предизвици и да ги запознаам моите можности. На крај од целиот страв морам да признаам дека остана само љубовта кон тоа што го правам, исчистена од сите стравови – вели Димитрина.

Задоволна е од приемот што ја прави среќна и што, според неа, е најголема награда.

Loading