ОНАДЕНАТА ВНУКА

Во некоје мариовско село живееле повеќе браќа во една куќа. Најстариот бил пазарџија. Се грижел за набавка на сите потребните намирници.  Еден од браќата го оженил синот, внукот на пазарџијата. Зеле многу лична невеста. Стри­кото, пазарџијата, еснавџија, отракан човек, но и расипан во душата, нечесен, фрлил мерак да ја проба, да ја онади, убавата внука – младата невеста.

Скроил план да ја извади да ја онади. Ги наговорил сите дека имал мерак да ја однеси невестата на пазар да го види градот, чунки во животот нејзе ќе í требало да знај нешто за пазарот. Невестата го одбивала, ама останатите домашни ја приморале да оди на пазар со стри­кото, оти било грев да му се одбија замислата на домашниот пазарџија.          Со одобрение  на нејзиното момче, го одбрале денот. Стрикото од вечерта ги спремил маските и коњите. Поради тоа што па­тот до градо е долг. Требало да се стани кога ќе про­пеат петли. Сите да си легнат рано, оти невестата требало да се наспија за долгиот пат. Штом заспале домашните, стрикото станал и ги разбуричкал петлите и некој запеал во коко­шарникот. Свикал по домашните.

– Станувајте, првите петли запеаја. Разбудете ја невестата да ги спре­маме добитците за на пазар!

Невестата и стрикото тргнале. По патот немало жива душа. Невес­та­та дремела, качена на маската, а стрикото на коњот. Свикал по невестата:

– Потерај го мулето!

– И мене, и на мулето ни се спие. Рано е. Сончевите зраци не се излезени, на небото, рекла невестата.

– Непара се разбирам, ама ги познавам женските белези, муцина, цицина, пичина.

Невестата се застрамила и заќутила. По некоје време стрикото дофрла:

– Невесто, потерај го мулето да му го ебам товарот!

Невестата ќутела.

Стрикото дофрлил:

– Невесто, да се расониш, речи некој сладок збор, курецот, пичица!

Невестата изусти­ла и рекла:

– Овие зборови, во глувата ноќ, бргу и далеку се слушаат.

– Речи уште поубави зборови, слези ме стрике и еби ме!

Не дочекал стрикото да речи невестата, ја сметнала од маската и ја натртил. Откако ја свршил работата, ги растова­риле добитците да преспијат, оти и стрикото осетил дека рано тргнале на пазар. Утрото ги товариле работите и отишле во градот. Стрикото ја нагостил со слатки и ја напил со боза и лимонада. Ама невестата, итра. Го притиснала, велејќи му:

– Давај ги сите пари што ги имаш башка или ќе те кажам дома што ми направи ноќеска. Ќе ја загубиш славата, а можи и главата!

Видел – не видел, стрикото í ги дал парите да не се открие каква глупост направил,

Ко­га си дошле дома, невестата рекла да го научила пазарлакот и градот и одма се делила со нејзиното момче од стриковата тајфа.

Во делбата му го зела поголемиот дел од имотот и с­та­нала богата. Стрикото останал сиромашен. Невестата го об­рик­ла на суво.

Неговата тајва се налутиле што толку попуштил во дел­ба­та и му го одзеле местото пазарџија. Го отерале да биде овчар в планина, в коли­би да лежи. Повеќе не го видел животот на Пазар.

Раскажал Стојот Ѓорѓиоски од Бешиште

Loading