ВТОРОЛИГАШКИ МЕЧ НА МОГИЛА

Партизан – Борец

Екипата на Партизан в недела (16.15 ч.) првпат ќе биде домаќин во Втората лига – Исток, на мечот со велешки Борец. Дуелот е на ,Могила, каде се очекуваат многу гледачи за поддршка на обршанци. Претходно беше поразот од Брегалница во Штип (2-0), а на првенствениот старт, на гостувањето на Саса во Каменица, иако губеа со 2-0, се изборија за пресврт во 2-3 со головите на Аџиоски 2 и Митрески 1 во 93 минута. Првиот второлигашки триумф беше на Котевски, Бунтески (55. Митрески), Д. Спиркоски, Н. Ефтинџиоски (78. Б. Наумоски), Аџиоски (88. Димитријески), М. Ефтинџиоски, Д. Наумовски, Трајкоски, Паноски, Стомнароски, Петроски..

Табела: Брегалница, Борец, Пехчево 6, Кожуф 4, Партизан 3, Тиквеш 2, Плачковица 1, Саса, Вардар Н., Детонит Радовиш 0.

Loading