ИЗЛОЖБА НА ДЛУП

Под мотото „Традицијата е код – традицијата е течение“ вторник во 20 часот во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на дела од членовите на ДЛУП. Програмата ги покрива сите ликовни дисциплини сликарство, скулптура, графика, фотографија, филм, видео, перформанс на над 20 уметници.

– Се охрабрува истражувањето на љубопитните духови низ координатите на уметноста, со цел да го пронајдат сопствениот автентичен израз, инспириран од народното творештво. Изложбата е обид за воспоставување врска меѓу традицијата и современиот живот, како и враќање на изгубените корени – велат од ДЛУП, потенцирајќи дека задачата е стимулирање на имагинацијата на прилепските ликовни автори.

Loading