МОНЕТА ОД АЛЕКСАНДАР ЗА НОВИ СОЗНАНИЈА ЗА СТИБЕРА

4 moneta na Aleksandar III Makedonski    avers 1

Завршија годинашните археолошки истражувања на локалитетот Бедем – Стибера кај селото Чепигово на Заводот и Музеј.

Душко Темелкоски, археолог кустос советник, раководител на проектот,  потенцира дека се доистражувала градбата откриена  лани подигната веднаш до Храмот на богинката Тихе.

-Годинава не се доистражи целосно градбата, поради големата зафатнина и лимитирани финансиски средства. Значајно сознание е откривањето на три мермерни блока со натписи на грчки алфабет (во тоа време покрај латинскиот, и грчкиот јазик претставувал официјален административен јазик во овој дел на медитеранскиот басен). Според натписите, за подигањето на градбата,  средства донирал граѓанинот со име Кефалон, син на друг виден граѓанин со име Еубулид, кој пак е повеќекратно спомнуван во други натписи откриени во претходните истражувања на Стибера. Значајно откритие е бронзената монета на Александар 3 Македонски, со што формирањето на градот се поместува за најмалку 50 години порано во споредба со досегашните научни согледувања, во времето на владеење на овој крал во втората половина на 4 век ст.е. Од македонскиот период на егзистирање на градот се издвојува уште еден наод. Тоа е теракотна биста на богинка со круна на главата, со веројатно претстава на градски ѕидини. Според првичните анализи, тоа би можело да е претстава на богинката Тихе заштитничката на градот. Со оглед што веднаш до новата градба која се истражува е римскодобниот храм на оваа богинка, мошне веројатно е уште во македонскиот период, односно најмалку 200 години претходно,  да егзистирал стар храм посветен на неа – вели Темелкоски.

Loading