ПЕСТИЦИДИ ВО РАСТИТЕЛНАТА ХРАНА

Иако прскањето со пестициди зависи од временските услови, листите на овошје и зеленчук во кое има најмногу и најмалку пестициди не се менува од година во година. Секогаш на врвот на плодови со најмногу пестициди се јагодите и спанаќот. Следуваат праските, јаболката, крушите, црешите и грозјето. Од зеленчуците, целерот, пиперките и компирите. Од година во година расте количината на пестициди. Научниците тврдат дека бенефитите од јадењето на овие продукти ги надминуват можните штети од пестициди.

Најдобро е да се изберат плодови со органско потекло, традиционално одгледаните, со што се сведува на минимум можната штета по здравјето. Се обрнува внимание на миењето на традиционално одгледаните. Задолжително треба добро да се измијат да се ослободат бактериите и хемикалиите од површината. Миењето под млаз вода не е доволно.

Според истражувањата, најмалку пестициди имаат пченката, зелката, лукот, грашокот, доматите, дињите, кивито и печурките.

Loading