СВЕДОШТВА ЗА ЧАРШИЈАТА

Isceznato parce od Carsijata

Богата била чаршијата. Немало занаетчија што немал дуќан со кепенци. Наредени биле еснафите по сокачињата со калдрма. Имало занаетчии со сите нишани. Повозрасните се сеќаваат на бочварите кои постојано стружеле, на тенеќеџиите и калајџиите кои удирале со чеканот по металот, на стенкањето на вжареното железо под ударите со чеканот на ковачите, на машините на влачарите, на тишината кај куменџиите и ортомџиите… 

Не се знае точно локацијата на оваа бакалница во Чаршијата. Ги имало десетици. Чаршијата била поширока од денешната. Била до сегашниот плочник на дел од Булеварот, во околината на Центарот за култура.

Чаршијата била душата на градот. Се создавал, зреел и одржувал мајтапчискиот дух на мајсторите и се откривал чешитскиот ген на чираците и калфите. Низ курназлаците виреел еснафот на занаетчиите. Колку што напредувала чаршијата толку просперирал градот.

Низ блесокот на алуминиумот и неонот, и денес се чувствува наследениот чаршиски  дух. Чаршијата останува да биде училиште на животот, каде се учат четива, кои ги нема во учебниците за деца.

Loading