ДЕЛА ОД СНЕЖАНА МАЛЕТИН

Snezana Maletin so interesna  izlozbaИзложба на дела од Снежана Малетин ќе биде отворена на први август, во 20 часот во ликовната галерија од ЦК ,,Марко Цепенков,,. Уметницата од Нови Сад, која живеела и во Прилеп, ќе се претстави со творештото, создадено во 2015 и 2016 година. Делата се резултат на креативна игра, испитување и истражување на можности и решенија во ликовна и техничка смисла. Креациите се истражувања на безбедни и нетоксични материјали во графичките техники.

-Литографијата ме натера да истражувам. Сретнав сериозно проучување за користење на нетоксични материјали во уметничките процеси. Една од овие техники е наречена литографија од кујна. Многу графички техники, а тука е и литографијата, не се творат во услови кои не се наменети исклучиво за тоа. Техниката нуди можност да се работи со неа во простории кои не се графички атељеа, а се одлична подлога за креативен процес. Користените материјали седостапни во околината. Не е потребна потрага во специјализирани продавници за сликарски и графички материјали. Дел од графиките се како монотипии, директно сликани на линолеум со бои за печатење на водена база, а дел од нив се комбинирана техника со литографија или само литографија на алуминијумска фолија за домаќинството. Третирани со материјали како сапунот и маслото –  вели Малетин

Според историчарот по уметност Владимир Вукас, графиките на Малетин се слики на урбаниот градски пејзаж, кои таа  ги бележи, ги пренесува на хартија користејќи го својот богат и систематичен ликовен јазик, како врвен графичар.

Малетин завршила Академија на уметности во Нови Сад. Работи како професор во Нови Сад. Имала повеќе самостојни и групни изложби.

Loading