НАЈЕФИКАСНИТЕ ПРИРОДНИ ЛЕКОВИ

Природните чистачи на организмот помагаат за отстранување на различните тегоби во телото. Се користат малку со изговор дека се неефикасни, иако често тие се поефектни од лековите.

Зеолитот е одличен за здравјето. Тој е збир од неколку минерални компоненти, натриумови, калиумови, алуминиумски и калциумови, и највредниот клиноптилолит во кристален облик. Природната супстанца е активна откако механички ќе се обработи и се користи во медицината. Докажани се ефектите со   многу истражувања. Зеолитот ги храни клетките и ги исфрла отровните материи. Се пие мешан со малку вода. Може да се стави на кожата ако постојат рани или некои несакани промени. Влијае позитивно на имунитетот опаднат од стресови, загаден воздух и лоша исхрана. Го јакне имунитетот и метаболизмот, намалувајќи го крвниот притисок, отстранувајќи ги мачнините во желудникот, афтите и каменот на забите. Придонесува за исфрлање на вишокот течности од организмот. Смирува и алергии и помага за чистењето на црниот дроб. Регулатор е на хипертензијата и холестеролот. Има својства за спречување на развојот на артеросклерозата и дијабетесот. Зеолитот измешан со крем за тело и намачкан на кожата чисти поткожни наслаги и ја прави кожата затегната и мека. Ефектите не се видливи веднаш, туку потребни се 3-6 месеци за позитивни резултати.

Активниот или медицински јаглен е чистач на организмот. Моќен е да апсорбира 1000 пати поголема количина токсини, атоми и јони од неговата тежина. Ја прочистува водата и воздухот. Се користи за брзо делување во ургентни ситуации предизвикани од различни отрови. Игра главна улога кај предозирањето со лекови, труење со пестициди, жива, олово и слични хемиски елементи. Делотворен е за подобрување на квалитетот на кожата, избелување на забите, елиминација на гасови, смирување на стомакот. Не се пие често, бидејќи ја намалува способноста на организмот да ги апсорбира природните состојки на храната. Не се препорачува да се конзумира со друга терапија, бидејќи го намалува дејството на другите лекови.

Купениот натриум бикарбонатот или сода бикарбона е најефикасна кога е купена  од аптеките или со специјална намена на фирмите каде на етикетата стои, ,,за медицински цели,,. Другата содржи алуминиум. Содата измешана со вода ја неутрализира киселината на желудникот која доведува до гасови. Таа е одличен антисептик бидејќи уништува одредени видови паразити и бактерии. Ги дезинфицира забите. Воспоставува основна РН вредност на организмот и ја намалува киселоста, што е причина за многу болести. Корисна е во лечењето на уринарните инфекции.

Loading