НИШТО НОВО

Ракомет

Иако е долга летна пауза, се чекаат вести за ракометниот суперлигаш Прилеп. Бидејќи е клуб од елитното друштво, можни се активности и во овој период. Сепак нема нови информации. Јасно е само дека сите од клубот се на одмор, управата, играчите, тренерите. Меѓутоа, добро е да се излезе со информација околу понатамошниот состав на клубот. Дали на пример ќе има новини во управата, дали ќе се продолжи соработката со тренерите, па и за играчкиот кадар кои новости можат да се очекуваат. Пролетоска опстанокот беше остварен со млади играчи, поддржани од неколку искусни.

Стартот на подготовките обично е во август.

Loading