ПАРТИЗАН НАЈАВИ ПОДГОТОВКИ

Втора лига

Првпат во клупската историја, екипата на Партизан од Обршани има статус на второлигаш. Голем успех, поради тоа што клубот е втор по ранг на територијата од ОФС Прилеп, веднаш по Победа. Не изненадува што многу играчи, претежно млади, сакаат да играат за Партизан. Претендираат да се докажат на второлигашката сцена. Од Обршани истакнуваат задоволство што прволигашот Победа е расположен за соработка. Се очекува да помогне со неколку фудбалери, дури и со младинци. Бидејќи Партизан има обврска да настапува со младински тим во Младинската лига.

Подготовките под водство на тренерот Горан Тодоровски најавени се наредниве денови. Никој не заминува. Само доаѓаат. Екипата ќе биде уште подобра од лани и може да се бори за опстанок. Проблемот со игралиштето има шанси да биде решен. Можно е да се изгради потребната инфраструктура за неколку месеци. Дотогаш во предвид е теренот на Могила. Алтернатива е теренот со вештачка трева кај Зоолошката. Управата контактира со потенцијални спонзори и помагатели да обезбеди буџет за непречена работа.

Втората лига – Исток  стартува на 18 август. Составена е од екипите Борец, Брегалница Ш, Вардар Н, Тиквеш, Детонит Радовиш, Саса, Китго Пехчево, Кожуф, Плачковица и Партизан Обршани.  

Loading