ЗАБОРАВЕН ЗАНАЕТ

Ortomdziite ostanaa samo na slika

Ортомџиството било занает од кој лебот го ваделе многу фамилии. Занаетот е речиси заборавен и го нема в чаршија. Се менуваат рачно изработените ортоми од коноп, јута или памук, со фабрички од синтетички материјали.

Заборавен е старинскиот начин на влачењето на конопното стебло, сучењето, виткањето и преплетувањето на поситни јажиња во една јака ортома. Широка била употребата на ортомите и сиџимите. Се користеле при градба, за товарање на коњи, за прицврстување на крупната стока при вршењето на пченица… Секаде каде се барало јачина и издржливост. Ортомите се незаменливи и денес при правење куќа за кревање цигли, малтер, греди и друго.

Ортомџиите во процесот на изработка, во плетката ставале и други материјали да бидат поцврсти, ама тоа си го чувале како марифет, како тајна, и им ја откривале на синовите, ако го продолжувале занаетот или на најверниот калфа или чирак пред да стане мајстор.       

Loading