ВЕЛЕСКИ ПЕТТИ НА ЕВРОПСКО

Шах

Фидемајсторот Роберт Велески настапи на Европското аматерско поединечно првенство во Никшиќ, Црна Гора и ги оправда очекувањата. Тргна како петти на стартната рејтинг-позиција и токму тој пласман го освои на конечната табела. Конкуренцијата беше навистина завидна, со оглед на учеството на 55-мина од 18 држави. Право на настап имаа шахисти со рејтинг под 2300 поени. Велески загуби само двапати, ремизира исто толку, а ги совлада: Црногорците Анѓиќ и Кишиќ, Англичанецот Стоукс, Србинот Крстиќ и Французинот Малобер.

Шампион е Турчинот Сахин.

Loading