АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Кога денот не знае што ќе изнедри ноќта, животот ќе биде несигурен за сите.

Х

Во земји каде луѓето “се јадат” меѓусебе, народот ќе остане гладен.

Х

Како да врземе крај со крај кога не знаеме од каде да започнеме…

Х

За некои е потребно да побараат да им се пресади – јазик!

Х

Како може да функционира системот кој има вградено фабричка грешка?!

Х

Главите им се се попразни, а џебовите се пополни.

Х

Петмина дома имавме еден телефон. Сега имаме пет мобилни и понатаму  доцниме…

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading