ЃЕР Е ИСКУСТВО ЗА БАРБАРА

Борење

Членката на БК 7 Мај Леов, Барбара Стојкоска, настапи на Европското првенство за девојки од 13 до15 години во Ѓер, Унгарија. Надежта беше свртена кон ждрепката да се добие полесна ривалка на стартот. Но, полоша ждрепка не можеше да се случи. Од 22 учеснички во првите три кола сите паднаа носителки на медали од претходното првенство: Естонка (освојувачка на бронза), Бугарка (сребро), Русинка (злато двапати). Загуби од Естонката, но не разочара. Покажа дека има потенцијал, квалитет, срце и желба, но јасно е дека треба и искуство. Треба да се има предвид дека има само 12 години и затоа настапи во согласност од лекар и од родителите. Иднината е пред неа и може да успее. Следни предизвици се: турнирот ,,Менде Црвенкоски,, во август, а Балканското во Босна е во септември.  

Инаку, прва на Европско, младинско, во 2013 настапи Маја Дејкоска.           

Loading