ТРИТЕКС ТРЕЈД ПАРТНЕР НА РАКОМЕТНИОТ КАМП „КИРИЛ ЛАЗАРОВ 7“

Triteks-rakometen kamp Kiril Lazarov7

Тритекс Трејд како компанија – водечки бренд  за долна облека во Македонија, со огромно задоволство годинава стана партнер и го поддржува ракометниот камп „Кирил  Лазаров 7“. Тритекс првпат е партнер на ракометниот камп, кој традиционално се организира секое лето во Охрид, покрај Охридското Езеро, а оваа година се одржува од 20-26 јуни и 26 јуни -02 јули 2018 г.

Основен мотив за вклучувањето во овој проект е развој и поттикнување на спортот и поддршка на спортските таленти во земјава, особено кај помладите генерации. Тритекс ја препозна вредноста на овој квалитетен проект во кој децата имаат можност да го развиваат својот  тимски дух и спортската култура и креирааат навики за спортски живот Затоа Тритекс го поддржува кампот со гордост.

Задоволството за Тритекс е што ќе биде партнер на овој врвен ракометен настан каде децата на кои идол им е Кире Лазаров можат да го видат одблиску, да го анализираат неговиот живот, да видат што значи дисциплина и да набљудуваат како изгледа животот на еден професионален спортист. Тоа е одличен концепт во насока на привлекување и негување на талентите за спортско ангажирање кај децата. Посебно во јакнење на капацитетите за развој на ракометот и правилно развивање на децата во едно модерно општество.

Ова претставувува еден исклучително значаен општествено-одговорен подвиг, а поддршката од компаниите и партнерите како Тритекс е особено значајна.

Loading