Атрактивни биле трките со моторцикли низ улиците на градот при крајот на шеесетите години од минатиот век. Десетина моторџии со своите ,,бесни машинина, биеле битка,, на моторите. Умешното возење на Булеверот послан со гранитни коцки и на правливите улици каде се вртел кругот, го привлекувало вниманието на стотици граѓани. Доаѓале моторџии дури од соседна Битола и од Кавадарци да ги мерат коњските сили со комшиите. Моторите биле стари, предвоени, прилагодени за превоз на двајца патници. Оние со приколки на три тркала биле посебно привлечни затоа што на прсти се броеле автомобилите.
Овие превозни средства биле првите знаци на рокен рол револуцијата, симболот на младите во потрага по слободата која веќе зела залет во Европа.