ГРГНУВАЊЕ

Мајтапења

За мајтапчиите и нивните чешитлаци се знае уште од дамнина, кога излегол муабетот дека мајмун не игра во Прилеп. Во храмот за драпачки ми се причини по зборот дека има и еден пензионер од Охридско, Струшко, населен во Прилеп.

Се штутка, се вртка, се дума, како да крои, како да им влезе во муабетот на чешитчиите. Да каже нешто, а го фаќа страв да не биде одбиен.

Очиклените пензионери насети дека има „крт“, како што се вели сега модерно. 

– Шона, шо џаол че е чоеков? Шо сака нека биди, не че ми ги извај очиве или душава – го праша.

– Пријателе, а душко, ко да не си наш, а?

– Одовде сум, ама доселен со годиње. Од Западна Македонија. Откај ми го знајш имево, а, не ми пишуа на чело?

– Те сетив по табието. Се врколкаш, чутиш, а името не ти го знам. Овдеа им велиме душко, на тие шо не знајме како се викат, сите носиме душа, ебаго.

– Сакам, ко шо велите вие, да кажа еден чешит. Незна дали ќе ми дозвола Рампо и Цане?

– Како не можело, баго. Ако е сранско, че е супер.

– Цане, дојди да се видиш со сранецов. По потекло ти бил од Западнана Македонија. Сака да кажи некој чешит, свика овдешниот пензионер.

– Ако е од Западнава, арно, ама да не е од Јужнава. Че треба да го прашаме Рампа, тој е по политичкиве нерешени прашања.

– Кој да е, од каде и да е, добредојден е Цане. Лујџе сме. Ако зборува македонски, нека почни, оти за другиве јазици немаме преведувачи.

– Ако сум од Западнана, не сум странец. Нашинец сум, зборов ми ет македонски!

– Е, ако е така, мииир лујџеее…!

– Дамнешните предедовци маката ги научила да прават боза, сладолед, слатки рабојче и потквасувале млеко. Одале на печалба по светот, а идале и овде во Прилепов. Првиот од ними шо дошол во Прилеп се викал Тофил. Од шо бил добар мајстор, прилепчани дури му дале изим и кујча да си напрај, ко шо велите, ами како.

– Абе, чоек, не должи, сме слушале за Тофила.

– Први шо му дошле на праго од слаткарницана биле даскалот со даскалицата од градов.

– Даскале, да ти го тура или да ти го гргна бокалов со боза, а, го прашал Тофил?

– Гргни ми го Тофиле, ко џо сум жеден, рекол даскалот.

– А, на даскалицава да и го турам или да и го гргнам, а даскале?

– И, шо рекол даскалот, а душко, свикаја од првите редови?

– Абе прилепчанец, пак прилепчанец, овде се родил и овде ќе останет мајтапот. Се сетил  даскалот оти муабетот можит да се извртит, па му рекол: – Тофиле, на даскалицава едно слатко, а за турањето и гргнувајњето, вечер че ја прашам, ебаго.

ДДБ

Loading