ПРОМОЦИЈА НА „СЕМЕЈНИТЕ БИБЛИОТЕКИ ВО ПРИЛЕП“

Во библиотеката вечерва од 19 часот ќе бидат промовирани најновите изданија книгата ,,Семејни библиотеки во Прилеп,, и ,,Коле Чашуле – библиографија,,. Промотор ќе биде Слободан Беличански.

,,Семејните библиотеки во Прилеп,, чии автори се Петар Петрески и Магда Василеска, е книга за старите и вредни книги што ги поседуваат нашите сограѓани.  Претставени се семејните библиотеки од 18 прилепски семејства, меѓу кои на фамилиите Алексоски, Ангелески, Башески, Галески, Магдески, Талески, Стаменови и др.

,,Библиографија за Коле Чашуле,, од авторите Каролина Крстеска, Благица Илијоска и Марија Пажеска е идеален водич за натамошни истражувања за делото и животот на романсиерот, драматургот, литератот и публицист Коле Чашуле. Трудот е составен од 510 содржини собирани од печатените медиуми, дневни, месечни и периодични весници и списанија со што се збогатува роднокрајната литература, бидејќи Чашуле е роден прилепчанец.

Loading