ПРИ КРАЈ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА 53 МТФ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“

Финишираат подготовките за 53 издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ што започнува на 8 јуни со претставата ,,Ничија земја,,, во режија на Александар Морфов, на МНТ. Влезниците, велат од фестивалот, ќе бидат пуштени во продажба од понеделник.

 Публиката ќе има можност во официјална конкуренција да проследи 12 претстави, што ги избра уметничкиот директор Катарина Коцевска, меѓу кои и ,,Клетници,, во режија на Мартин Кочовски на нашиот театар.

Фестивалот ќе се збогати со изложбата ,,Моќта на театарот,,, пет претстави во придружната програма и трибини за театарската критика денес  и за местото и улогата на драматургот во театрите во Македонија, како и промоција на театарска литература.

Затворањето на фестивалот на 15 јуни ќе биде со настапот на Театар Комедија со претставата ,,Не сега драга,, во режија на Коле Ангеловски.

Loading