ВОДАТА ОД ВАРЕНИ КОМПИРИ Е ХРАНА ЗА ЦВЕЌИЊАТА

zdravjeБабините марифети вредат богатство

Кујната на бабата секогаш сјаеше и мирисаше на цимет и магдонос… Таа имаше ,,милион,, зачини во тенџерињата. Но сé мирисаше убаво. Бабата имаше тетратка, извалкана од ноктите или брашното. Рецептите беа напишани со дрвен молив. Затоа не гуглајте. Побајте го наследството на баба си. Не е потребен лаптоп. Тефтерот вреди повеќе отколку карта за закопано богатство, зашто содржи најмудри за полесен и поубав живот.

Еве што мжое да содржи бабиниот тефтер.

Откако ќе го исчистите лукот или рибата, лесно може да го отстраните непријатниот мирис на рацете со триење со нерѓосувачка лажица како со сапун. Металот ги отстранува мирисите од кожата.

Карфиолот да остане снежен дури и по готвењето, додајте малку млеко и сол во водата.

Не фрлајте ја водата во која подготвувте компири или тестенини. Изладената вода е храна за цвеќињата.

Пресолената супа се враќа во вкусот со варење на еден компир  во неа. Тој ќе го собере вишокот сол и ќе ги скрие трагите од грешката.

Пред печењето, исцедете сок од лимон на бело месо да го направите печењето сочно.

Стариот леб се навлажнува со малку вода исе става во рерна на висока температура не повеќе од 10 минути. После ваков третман, лебот е како пресен и останува здрав.

Секогаш чувајте чаша со малку оцет во фрижидерот да се избегне непријатна миризба.

Заборавеното прекрасно парче месо нема да се фрли ако  добро се измие и се чува 15 минути во благ чај од камилица.

Ако млекото претече на шпоретот, брзо исклучете ја рингласта а месото посипете  го  со малку сол ќе се избегне миризбата.

Секое месо е поубаво кога се мие во млеко и кога стои најмалку еден час. Тоа побрзо ќе се испржи, испече и ќе биде повкусно.

Рацете на бабата беа меки и бели, бидејќи  ги третираше со маска од пире од компири. Топол и свеж компир се држи на рацете неколку минути, а потоа се плакнат со топла, па со студена вода и, на крајот, се мачкаат со сок од лимон.

Loading