КРЦКАВ СЕНДВИЧ ЗА 15 МИНУТИ

sendvic

Ако гости ве изненадат потребна е само добра волја да ги нагостите за 15 минути. Само ѕирнете во фрижидерот и ќе ја најдете содржина за подготовка на брз крцкав сендвич

Потребни состојки: 2 јајца, 4 парчиња леб,   50 г. путер, 4 големи парчиња сирење, 2 големи парчиња шунка, 2 листови од зелена салата, сол, бибер плус некои омилени зачини.

Намачкајте ги парчињата леб со малку путер и испржете ги од двете страни на тава. Тргнете две парчиња од тавата – тие ќе ви бидат потребни подоцна. Ставете по едно парче сирење на останатите 2 парчиња леб и покријте ја тавата. Печете додека не се стопи сирењето. Врз сирењето ставете парче шунка, па уште едно парче сирење и на крај покријте со парчињатае леб кои претходно ги тргнавте настрана. Покријте ја тавата и печете околу 30 секунди. Извадете го сендвичот од тавата и кога ќе се излади малку, додадете по еден лист зелена салата.

Loading