УРБАНА БРИШКА

Od kuferot izleze spomen od centarot

Пајажината и прашината не ја избледнеле фотографијата, чувана љубоморно во куферите на таван. Таа навира спомени од младоста. Буди емоции за местото на првите средби со саканата, на смената на опули и насмевки, на намигнувањата и чепкањата по прамените при прошетката околу триаголникот.

Дел од околните дуќанчиња од старата чаршија не се спасија од налетот на урбанизацијата. При отворањето на улицата “Борка Талески” за сообраќај не само на арабаџиски коли, туку и за автомобили. Настрада и исчезна дел од архитектурата и занаетите. Никогаш повеќе не никнаа нови, нуту се слушна чеканот на казанџиите. Ниту занаетчиите се преселија во другиот дел од чаршијата. Се збриша “животна” секвенца, покрај споменикот на среде, паркчето и оградата со синџир.

Покрај тагата на наследниците на дуќанџиите, останаа неизбршливите траги во меморијата за младоста, мината крај социјалистичкиот паметник. “Цивилизацијата ги однесе во отпад и циглите и керамидите на Хотелот Јадран, каде првин младите, а после само боемите, создаваа мајтапи и курназлаци низ свирките на тајфите на Шиндевци и Фицировци. 

Loading