-Е, ајде живо здраво, ефенди Жика. Си подранил или така ми се чини,
-Така ти се чини. Кај нас Бончејца порано се разденува. Понаисток сме
-А а кај вас петлите порано пропејуваат и не те оставаат да спијаш,
-Одамна кај нас петел не пропеал, кокошките се погрлат. Од нив мака имаме.
-Е ако де, важно да има кој да те разбуди. Поарно е петелот, ама и од кокошки не треба мака да имаш. Туку, денов те бендисува?
-Од овај поарен, здравје. Сабота, златна. Убајна, опојна, раздвижена, весела, слатка. Рај за прилепчани. Барем полојна од прилепчаниве во сабота се праени, да ми веруваш.
-Знајш оти си во парво. За то ич не ми текна,
-Тебе и онака одамна за ништо не ти текнува. Да не се чудиш,
-Жити Тасета, салам велиш?
-Жими меанава, ако те лажам.
-Ја топориш како твоја да е,
-А бе цела не е моја, ама едно чоше, или некоја маса е моја.
-Е за то, газда Горан и мариовцине, че кажат. А Горан шо велиш?
-Ако е така како Жикава шо вика треба кафанава да има 60 чошина. А бе само во среда и сабота се овде и то само на течна рана. Тефтеро го наполнив со ”пиши ме”. Од такви, чошови не се права, не бива. Ако не се саботиве и мојне од дома че не избркаат.
-Така е. Саботава за нас прилепчаниве е свет ден. А бе знајш дека на саботава и е направена голема неправда!
-Како мислиш,
-Така ебаго! Имаме Света Петка? Имаме. Имаме Света недела? Имаме. Оти да нема света сабота. Голема неправда, ние прилепчаниве треба да се буниме и да бараме да има света сабота. А Жика!
-И света среда!
-Средата си има. Благословена си е со ,,руса среда,, појма си немал од религијава. Ама саботава сирак. Запоставена до немајкаде. Ние од овде че бараме таа неправда да ја испрајме!
– Чекај, да се собери екипава за да знајме шо прајме. Појче умои салам одлука.Ти знајш какви сме ние ко че почниме да мислиме и дека се шо работиме, тимски работиме. И онака работно,жестоко,, на маса.
-До под маса!
-Зависи од борбата. А темава за саботава е тешка, бара многу мислење, кревање, напор, време. Че издржиме. Дури да се собери екипава, Горан за загревање дај по една.
Џага Дур