АРОМАТИЧНА САЛАТА ОД ВАРЕНИ КОМПИРИ

salata

Потребни се 1 кг компири, сок од 2 лимони, 2 главици кромид, неколку кисели краставички, црвени јаболка, масло, сол, бибер и четвртина лажичка шеќер

Компирите треба да се сварат и да се исечат на коцкички. Ставете го во подлабока чинија за салата. Исечкајте го ситно кромидот. Посолете ги компирите, додадете масло. Потоа  и кромидот, сечканите јаболка на коцки и исечканите кисели краставички. Прелијте ја салатата со сокот од лимон. и додадете бибер и малку шеќер.

Добро измешајте ја салатата и оладете ја во фрижидерот да се спојат добро вкусовите

Loading