„СÉ ШТО САКАВ ДА КАЖАМ, НО НЕ МОЖЕВ“

Во киното Мис Стон

Во киното Мис Стон вечерва и утревечер од 20 часот ќе се изведе театарската претстава „Сé што сакав да кажам, но не можев“ во режија на Стефанија Стефаноска и Марио Велковски, ученици во гимназијата „Мирче Ацев“, под покровителство на театар „Чин 4 Сцена 5“. Претставата својата премиера ја имаше во февруари.

Играат Наум Ѓорѓиески Лора Штаргоска Јована Трајкоска Афродита Петкоска Марио Велковски Илина Стефаноска Андреј Димириевски Михаела Петреска. Костимографијата е на Марија Биновска,

На 12 април гимназијалците ќе ја  изведат претставата на италијански јазик „Линија“ по текст и режија на Маринко Шлакески.

Loading