ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ОД ФОТО КИНО КЛУБОТ ПРИЛЕП

„Јордан Зазоски – Зазо“ е традиционална изложба на уметничка фотографија од Фото Кино Клубот ,,Прилеп,, што ќе биде отворена в среда, на 21 март, во 19.30 часот во ликовниот салон на ЦК ,,Марко Цепенков,,.

Ќе бидат изложени 60 фотографии од 45 автори, дела кои покажуваат во кој правец одат заложбите на клубот во полето на уметничката фотографија во нашиот град, и колкав е напредокот во изминатата година.

– Годинава, има голема бројка на нови автори, кои се движечка сила на ФКК ,,Прилеп,,. Тие преку низа работилници и активности во клубот стекнаа знаења за создавање на уметничка фотографија и веќе се градат како препознатливи автори – велат од клубот.

Изложбата се организира по петтипат.

Loading