Изложба за месецот на франкофонијата
Со отворање на изложбата „Слободни заедно, секој од свој агол“ во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ и со пригодна музичка програма на која настапија Марија Андоноска, Ведрана Петреска, Ангела Зероска, Анастазија Христоска, Бистра Петреска и Андреј Танески, гимназијата „Мирче Ацев“, го одбележа месецот на франкофонијата.
На изложбата се претставени ликовни творби од ученици и од вработените во гимназијата.
-Слободни заедно е манифестација преку која се претставува движењето на младите франкофони за промовирање на мирот како суштинска состојба, разновидноста како богатство и живеењето заедно како човечка цел – вели Мирјана Бошкоска, професор по француски јазик од гимназијата.