СВЕТЛИНА НА ДЕЛАТА ОД ПРИЛЕПСКИ АВТОРИ

Изложба на дела од прилепски автори ќе биде отворена вечерва од 19.30 часот во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“. На увид ќе бидат 20 дела од од творештвото на уметници од градот изработени во најразлична техника. Ќе се претстават Јасмина Руневска, Лепа Милошевска, Драган Михајлоски, Марија Ѓорѓиоска, Филип Перески, Методија Исков, Верче Николоска, Ферди Булут, Дарко Талески, Ангелка Башеска и др.

 

Loading