ПРЕПРАВАЊЕТО ПРОДОЛЖИ

16. Меѓународен карневал „Прочка 2018

4

„Мечкарите“ од Птуј од Словенија се добитници на Гран – при наградата за најмаска на 16. Меѓународен карневал „Прочка 2018“. Во категоријата традиционални маски наградени се и „Ратевски бамбурци“ од селото Ратево, Беровско, на кои им е доделена прва награда. Втора награда доби маската „Кураичка крвава свадба“ од селото Куратица, Охридско и „Стари Странчинари“ од Мокриево ја добија третата награда. Во категоријата „современа маска“, прва награда доби танцовиот клуб „Зодијак“ со „Аладин и волшебната ламба“, второнаградени се „Палави колачиња“ од Пробиштип и третонаградени се „Black Dolls“ од СОУ „Орде Чопела“. Првпат годинава е воведена категорија „странски маски“. Првонаградена е маската „Балкан“ од Корча. Второнаградена е „Мажуретки“ од Бела Црква, Србија, и третонаградена е маската „Оган“ од Будва, Црна Гора.

3

Маската „Да не венеат цвеќињата“ од ОУ „Рампо Левката“ ја освои првата награда на детскиот фестивал „Прочка 2018“. Второто место им припадна на „Мудрите танчерки“ од ОУ „Добре Јованоски“  и третото место го освои ОУ „Климент Охридски“ со маската „Касни порасни“. Во категорија на современи маски, првонаградена беше маската: „Вселенски суштества“ од ОУ „Добре Јованоски“, втората награда ја доби „Снешковци“ од ОУ „Кочо Рацин“ и трето место го освои „ПОП корн“ со децата од ЈОУ „Наша Иднина“. Во категоријата „театрални маски“, првата награда им припадна на „Музика за тронови“ од Крушево, „Пролетно будење“ од ОУ „Гоце Делчев“, и третото место ја доби маската „Петар Пан“ од ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“.

Оценувачката комисија ја сочинуваа: Хилда Црнеска, Габриела Шукуроска, Рубин Белчески и Благоја Атанасоски.

Loading