НАСКОРО МЕЧКАРИТЕ ПОД УНЕСКО

17. Меѓународен карневал „Прочка 2018

Прилепските мечкари ќе бидат заштитетни под УНЕСКО. Со општината тераат постапка запишување на Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО. Уникатното или исклучително сведоштво за културната традиција или цивилизацијата која уште постои е критериумот да биде прогласена за светско културно наследство. Маската “Прилепски мечкари” е симболот на прилепскиот карневал “Прочка”, кој се одржува на верскиот празник Поклади и е стара 300 години. Ја негуваат касапите. Мечкарите се обвиткуваат со кожи, крзна, на лицето имаат сурати изработени од црн сомот, украсени со заби, рогови, пулејќи,,. Страшна е со традиционалната улога да ги брка злите духови, а го најавува животниот циклус, будењето на природата. Со уникатноста, не само во земјава, ќе биде заштитена како светско духовно наследство.

“Мечкарите” и годинава ќе бидат дел од каневалот “Прочка 2018” за кој подготвуваат изненадување.

– Подолг период се работи проектот за влез на Прилепските мечкари во УНЕСКО. За неколку години, конечно Прилеп ќе го добие меѓународниот сертификат. Година, ако имаме среќа, ќе прикажеме убави работи. Прилепски мечки се солидаризираа во програма за прием во УНЕСКО. Паралелно, работат уште неколку групи, кои 16 години подготвуваат современи маски од животот на Прилеп. Првпат ќе се претстави една маска која ќе прикажува позната македонска поговорка. Маската ќе ја чувам во тајност и нема да ја откријам. Сите кои сакаат да го видат мајтапот во Прилеп да дојдат на карневалот, оти е специфичен и нема на други карневали во Европа. Прилепскиот е единствен карневал каде има современи и стари маски кои ги негуваат традициите – вели Ванчо Георгиевски, претседателот на здружението Прилепски мечкари.

Повеќе од 1.000 натпреварувачи од земјава и странство ќе учествуваат на 17. Меѓународен карневал “Прочка 2018”. По изложбата на маски, учениците до 14 годишна возраст од училиштата ќе се натпреваруваат в сабота со поединечни, групни, традиционални и современи маски. В недела, возрасните под маски ќе ги “одмерат силите”. Ќе има маски од Будва, Бања Ковиљача, Врњачка Бања, Лесковац, Белград, Бол, Шабац, Бела Црква, Корча, Перник, како и од Мокриево, Куратица, Бегниште, Кавадарци, Ратево, Струмица, Радовиш и други градови.

– Карневалот има туристичка димензија. Ги поканувам сите љубители на карневали, маскенбали и забава со маски да уживаат во забавата на годинешното издание на “Прочка 2018” – вели градоначалникот Илија Јованоски.

Жири комисијата ќе ги избере најдобрите маски по категории кои ќе добијат парични награди и дипломи. Делегацијата на Европската федерација на карневалски градови ќе ја предводи претседателот Хенри Ван дер Крон.

ВДОВИЦИТЕ ОД МРТОВЕЧКО СОКАЧЕ ЗА ПРОЧКА

Здружението “Преродба” учествува на разни културни манифестации, меѓу кои и на карневали. За празникот Василица, здружението беше на “Странчинарските игри” во селото Мокриево и на карневалот во селото Куратица, каде членовите се претставија со маската “Вдовиците од мртовечко сокаче за Прочка”.

Vdovicite od mrtovecko sokace

– Седат и пијат кафе вдовиците од познатото “мртовечко сокаче” и низ хумор раскажуваат какви биле нивните сопрузи. Во Мокриево освоивме посебна награда, бидејќи бевме единствена возрасна група, а во Куратица ја освоивме третата награда за групна маска. Групната маска ја сочинуваа 5 членови. Наградите се сатисфакција за вложениот труд – вели Лилјана Ѓорѓиоска од здружението “Преродба”.

Се подготвуваат за настап на другите карневали кои претстојат.

АСТЕРИКС И ОБЕЛИКС

Прилепчани се успешни и надвор од Прилеп. Здружението за зачувување на традицијата и културата “Прочкари” во категоријата групна маска во с. Куратица беа првопласирани, а втори во с. Мокриево.

– И на двата карневала учествувавме со маската “Астерикс и Обеликс”. Нашата екипа брои дури 30 членови – објаснува Горан Ржаникоски, претседател на здружението “Прочкари”.

11

Посебноста на прилепскиот карневал е во мајтапот, по инвентивноста на изработката на маските.

Loading