РУЧЕК ВО МАНАСТИРОТ ВО ЛЕНИШТЕ

Бакалите ја продолжија традицијата

Pet vladici

На 25 февруари бакалите ќе даваат ручек за сите граѓани во манастирот Света Петка во селото Лениште. Со тоа ќе се заокружи одбележувањето на празникот Свети Три Светители кој е патрон празник на околу 400 дуќанџии. Традицијата ја тераат со ред, прво канат со шеќерче и ракија, одат од дуќан, на дуќан, кај сите трговци, кои некогаш ги викаа бакали, а продаваа стока која се броеше на прстите од едната рака, газија, шеќер… Домаќините се менуваат, а годинава одбележувањето мина помасовно првенствено заради присуството на петте владици во црквата Свето Благовештение.

s1

– Чест е да се биде домаќин на манифестацијата која ја одржува традицијата. Уште поголема чест е што со богослужбата чиноначалствуваше арихиепископот г.г. Стефан и уште 4 владици. Посакувам среќа, лична и фамилијарна, и бериќет. Традицијата датира од 1954 година. Се надевам дека ќе продолжи – рече Стојан Петкоски, домаќин на празникот.

– Одиме кај секој бакал, дуќанџија, го каниме со чашка ракија и бонбонче. Манифестацијата е се помасовна – вели Петре Петрески, идниот домаќин на празник.

s4

Со архиерејската литургија чиноначалствуваше Архиепископот г.г. Стефан со Митрополитот Преспанско Пелагониски г. Петар, Митрополит Повардарски г. Агатангел, Митрополит Дебарско – Кичевски г. Тимотеј и Епископот Хераклејски Климент. Одбележувањето на празникот, бакалите го започнале пред 64 година.

Loading