АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Некогаш властодршците велеа „Државата – тоа сум јас!“, а сега „Партијата – тоа сум јас!“.

Х

Ги одбравме да се борат за нас, а тие очекуваат да ги браниме од противниците.

Х

Шпионите беа со години меѓу нас, а сега ние сме меѓу нив.

Х

Му овозможија широк избор – од бела врана до црна овца.

Х

Кога и позицијата и опозицијата велат дека се победници, губитник е – народот!

Х

Ако немаш вујко владика, тешко и верник да станеш.

Х

Со „Авенија на ограбените Македонци“ треба да се именува најдолгата улица во државата.

Loading