ПРИЛЕПСКИ АВТОРИ ВО ТРКАТА ЗА „РОМАН НА ГОДИНАТА“

Романи од двајца прилепски автори се во трка за наградата „Роман на годината“ на фондацијата „Славко Јаневски“. Во конкуренција од 26 романи се и творбите „Се врати каде што припаѓаше“ од Марија Ѓорѓиоска и  „Безимениот“ од Петар Петрески.

Петчлено жири ќе ги разгледува книгите и ќе направи потесен избор, а добитникот ќе биде соопштен на 15 март.

Ѓорѓиоска многу емотивно и лирски ги пренесува емоциите за личности, настани, а Петрески се занимава со темата на преиспитување на идентитетот на поединецот, неговото неснаоѓање и лутање во вртлогот на големите општествени промени.

Loading