ПОЧЕСТИ ЗА РИСТЕСКА

Џудо

Минатата година беше богата со успеси на џудистите од ЏК Бушидо. Клубот организираше свеченост, со доделување на признанија на најуспешните. Најдобри млади членови се Матеа Илиеска и Бојан Наскоски. Кај повозрасните награди добија: Ема Димитриоска, Сара Атанасоска, Матеја Кочоска, Марија Талеска, Мартина Јанкоска, Елеонора Илиоска. Сепак, највредното признание е за Теодора Ристеска. Таа е прогласена за најуспешен член на клубот, бидејќи е кадетска репрезентативка на Македонија.

Loading