ВТОРО МЕСТО ЗА ТАЛЕСКИ

Стрелаштво

Во Центарот за социјални грижи се одржа Национален турнир со воздушна пушка, организиран од ИПА – Прилеп, со поддршка на СК Стрелец. Во машка конкуренција, меѓу 29 учесници, Коста Талески го освои второто место со погодени 79 круга. Во женска, меѓу 9 стрелци, третото место и припадна на Билјана Мантароска со 68 круга.

Победници беа: Христијан Петровски (Битола) и Дијана Петрова (Штип).

Loading