ОД СТАДИОН НА КРСТ

Историја

Крстовден, 27 септември 1992 година беше значаен, оти на две места во градов имаше настани. На стадионот „Гоце Делчев“ се одигра мечот во кој се појави нова ѕвезда во редовите на Победа, 16-годишниот Благојче Ѓорѓиоски – Баче, подоцна репрезентативец и член на белградската Црвена звезда. На дуелот со Македонија ЃП доби шанса од тренерот Томе Георгиев при 2-2 и постигна хет-трик за триесетина минути, поставувајќи ги конечните 5-2. Од Јужната трибина погледите беа и кон Градскиот саат, каде над 5.000 гледачи се упатија веднаш по мечот да ја видат церемонијата. Таму комунистичкиот симбол – петокраката, се замени со христијанскиот крстот по повеќе од четири децении.

Главен донатор на крстот беше некогашниот фудбалер и иселеник од САД, Драган Терзиев.

Loading