БОЈАЏИЕВА Е НАЈДОБРА ПИОНЕРКА

Атлетика

Атлетската федерација на Македонија на свеченост во Скопје ги прогласи најуспешните за годинава. Во категоријата пионерки за најдобра е избрана Марго Бојаџиева од АК Академик Џамбазовски. Има 14 години, а во клубот на легендарниот тренер Ѓорѓи Гешоски членка е четири години. Стана државен пионерски првак на патеката од 1500 метри, со одличен резултат од 5,23 минути. Настапувала и на подолги патеки во земјава и во странство – Србија, Романија и Италија.

Тренинзите во АК Академик Џамбазовски не запираат и зимава, бидејќи се одвиваат во ходникот на ОУ ,,Кире Гаврилоски – Јане”.

Loading