СКУЛПТУРИ – „СЕКВЕНЦИ ОД СОЗДАЊЕ“

Изложба

Тематската изложба од Андреј Миневски, насловена „Секвенци од создавање“ ќе биде отворена вечерва од 19 часот во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков”.

Скулптурите се создадени од различни материјали како дрво, пластика, цемент, метал и друго. Авторот сепак гледа во металот како материјал погоден за сопствениот уметнички израз и креативност. 

Миневски завршил ФЛУ во Скопје, на отсекот вајарство. Имал повеќе изложби и бил учесник на ликовни колонии. 

Loading