ПЕРФОРМАНС НА ЗОДИЈАК ПОД ВЕДРО НЕБО

Танцовото студио Зодијак на две локации во центарот со перформанс го одбележа годишниот концерт како завршна манифестација за годинава. Во цветната уличка беа изведени делови од најуспешните кореографии последниве две години вклучително и Ротонда. Истовремено пред Центарот за култура, најмладите изведоа дело со кое ја претставуваа земјава на интернационалните манифестации, Последното исусово искушение и Тапани во ноќта.

– Се доближуваме до гледачите и секојдневните нивни ритуали. Ја запознаваме, едуцираме и поставуваме интеракција со публиката со она што 20 години го работиме на современата танц сцена во Македонија. Со променадата се адаптираме и ги минимизираме трошоците – велат од Зодијак.

Loading