ОСУМ МЕДАЛИ ОД НИШ

Џудо

Меѓународната активност на ЏК Бушидо не запира до крајот на сезонава. На турнирот во Ниш, Србија, настапија 11 џудисти, под знамето на Македонија. Освоени се осум медали, од сите видови. Најмногу се покажа Милена Атанасоска, која во конкуренција на постарите пионерки, го освои првото место.  Второпласирани се тројца: Сара Атанасоска кај постарите пионерки, Мартина Јанкоска кај помладите и Антонио Талески кај постарите пионери.

Има и третопласирани: Маринела Атанасоска, Ема Димитриоска, Бојан Мојсоски и Стефан Талески.

Loading